Македонската репрезентација за фудбалери под 19 години со убедливи и високи 4-1 ја совладаа соодветната селекција на Романија. Избраниците на селекторот Бочески одиграа како под конец и мечот против Романија беше најдобриот одигран под негово водство.


На првиот погодок се чекаше до финишот на првиот дел, кога прецизен од белата точка беше капитенот Ашковски. По одморот црвено-жолтите продолжија, да напаѓаат, а за нова радост чекаа само десет минути. Слободниот удар во зоната за удар, итро го изведе Алиоски, проигрувајќи го Буфи кој изби сам пред романскиот голман и со одмерен удар ја затресе неговата мрежа.



Одличната престава капитенот Ашковски ја круниса со додавањето до Мирчевски за високи 3-0. Нашите ја користат збунетоста на гостинскиот состав и по само две минути мрежата со глава ја погодува напаѓачот Симоновски.


Почесниот погодок за романците беше дело на резервистот Морошан.

М.П.