Македонската ракометна репрезентација триумфираше на Балканско првенство за мажи кое изминативе неколку дена се одржа во нашата земја. Во последниот решевачки меч нашите ракометари славеа над Босна и Херцеговина со 34:31.

На патот до првото место на балканскиот шампионат Македонија ремизираше со Турција 31-31, потоа следуваше скандалозното повлекување на Србите од паркетот,по што делегатот го регистрираше натпреварот со службен резултат 10:0 во корист на нашите ракометари.

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски беше избран за најкорисен играч на Балканијадата, додека наградата за најдобар голман отиде во рацете на уште еден наш репрезентативец, Борко Ристевски.

Најпрецизен на првенството беше Терзич од селекцијата на БиХ.

Ohridnews