Република Македонија повторно ја објави седумгодишната еврообврзница, со годишна камата од пет отсто, јавува Ројтерс. Минатиот четврток еврообврзницата беше повлечена откако опозицискиот СДСМ преку писмо ги информираше доверителите дека нема правна основа за издавање на еврообврзницата.

Член на партијата испрати писмо до заедничкиот менаџмент составен од претставници на Сити, Дојче банк, Ерсте банк и Сосиете женерал, кои требаше да тргуваат со неа. Владата претходно во Службен весник објави дека издава нова еврообврзница тешка до 650 милиони евра. Одлуката за новото задолжување предизвика партиски препукувања и протести.

Од СДСМ преку соопштение повторно наведуваат дека со издавањето на еврообврзницата се кршат Законите за Јавен долг и за Влада, како и Кривичниот законик.

OhridNews