Македонија го совлада Катар со 88 – 60 во првиот од двата планирани натпревари во Охрид. Избраниците на Докузовски до победата стигнаа благодарение на ударот од далечина што се покажа како најсилно оружје во македонската селекција.


Високиот процент на реализација,пет од девет позади линијата 6.25, како и стонастотната прецизнот од линијата за слободни фрлања му донесоа предност на македонскиот тим по првите десет минути од плус шест 23-17. Покрај бековите погодуваа и центрите, два пати погоди Стојаноски,а по еднаш Соколов, Гечевски и Чековски.

На истекот на првите пет минути од вториот период со првите поени на американецот Грин стигнавме до двоцифрена предност 33-21, плус 12. Следуваше  недозволиво опуштење,  црвено – жолтата  четата на Докузовски долги четри минути не успеа да го погоди противничкиот кош, а гостите по серијата 9-2  намалија на минус пет и го примораа селекторот да бара минута одмор. По тајм аутот, мразот го скрши Гечевски кој прво погоди од игра, а потоа и од линијата за слободни по што се вративме на комотни плус девет.

На средина од третиот период комплетно се растури концепцијата на гостите, а нашите подогуваа од различни позици. Прво кошот го полена комбинирано Чековски и Антиќ, а во финишот не периодот своето кошгетерско шоу го продолжи Гечевски и по неговата втора тројка се одлепивме на плус 20, 68-48.

Резервисите добија шанса во последниот квартал, а и тие го продолжија трендот на погодување тројки. Симоски и Костоски погодуваа од надвор, додека Самарџиски и Чековски гаѓаа од рекетот.

Најпрецизен во нашиот тим беше Гечевски со 17 поени, додека двоцифрени мечот го завршија уште Чековски , В. Стојаноски, и Соколов.

Утре во 18 часот Македонија ќе го одигра и вториот меч со репрезентацијата на Катар.

фото Емилио
М.П.