На седницата на владата што се одржа вечерва, усвоен бил предлог за донесување нов грб на државата. Како што јавија медиумите во Скопје, предлог новиот грб, добил поддршка од коалиционите партнери во владата.

Во моментов Македонија за грб го има модифицираниот стар грб од времето на поранешна Југославија, без петокрака.

За да се донесе нов грб, потребна е одлука на Собранието со Бадентерово двотретинско мнозинство.

OhridNews