Македонската фудбалска репрезентација во февруарскиот термин ќе игра пријателска средба со селекцијата на Перу, а како што пренесува веб сајтот на Фифа, мечот ќе се игра во Скопје.

Македонија на последното рангирање на ФИФА листата, се најде на 103 место, додека репрезентацијата на Перу се наоѓа на 35 позиција на оваа листа.

Најпознат фудбалер во селекцијата на Перу, е Паоло Гереро од Хамубергер кој на последната “Копа Америка“ на кое неговата селекција заврши на третата позција, беше најдобар стрелец со пет постигнати гола.

Ohrindews