
Британската влада го доделила инсенераторот како хуманитарна помош и тој, според сторијата, се наоѓа во близина на главниот град Скопје. Текстот напишан уште пред 16 години почна масовно да се споделува денеска на социјалните мрежи кај домашните корисници и повторно предизвика реакции на загриженост за високото ниво на загадување на воздухот.
„Доколку земјата се приклучи на ЕУ, како што се надева, инсенераторот би морал да се затвори бидејќи е опасност за мештаните и ги прекршува стандардите на ЕУ. Инсинераторот е еден од неколкуте обезбедени за Балканот од страна на Светската здравствена организација (СЗО), од кои ниеден не ги задоволува стандардите на ЕУ“, пишува „Гардијан“.
Весникот го цитира Адам Островски, експерт за менаџирање токсичен отпад, кој во својата изјава вели: „Ова е едно од најлошите парчиња валкана технологија маскирано како помош што сум го видел во Источна Европа“.
Островски рекол дека базичната опрема била функционална, но ѝ недостигаат важни додатоци за одржување еднакви температури или, пак, есенцијална опрема за чистење отпадни гасови за отстранување токсини, кои би можеле да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.
„Навистина сум изненаден дека британската влада се вклучува во вакви практики“, вели Островски. „Ваквата технологија е нелегална во Западна Европа. Едноставно, не е праведно дарежливо да им се даде на Македонците знаејќи дека ќе има токсични емисии и потоа ќе биде укинат кога ќе влезат во ЕУ. Треба да се засрамат“, гласи изјавата во текстот.
OhridNews
извор: „Макфакс“











