Теоретски убаво звучи и би требало да е така. Гледам и читам што и како се случувало на протестите во Скоје ,кои беа одржани во врска со барањето за промена на името.Каменувана амбасада,каменувани возила,повредени полицајци и повредени демонстранти..Па добро бе луѓе на што лици тоа?!?!?!

Зарем ќе дозволиме “македонскиот синдром на самоунистување” да не уназади за 10-20 или повеќе години наназад. Па чии се тие возила што се каменувани? Чии се тие полицајци што се повредени?Треба ли да се испоубиеме меѓу нас (пазете МЕЃУ НАС!),па да има жртви за да доказаме колкави патриоти сме. ПАТРИОТИЗАМ ЛИ Е ТОА??

Ама ајде ве молам..Па знаете ли колку луѓе се со Бугарски пасош во џебот,и колку на нив им е гајле за Македонија?А повеќето од нив сугурно беа на овие протести.Од една страна се продале на друг а овде ќе глумиме патриотизам а??Знаете ли на колку луѓе што немаат што да јадат им е гајле дали ќе се викаме Горна,Долна или било каква Македонија.Дајте еднаш да излеземе од овој наш Балкански менталитет.Патриотизам на гладен стомак, да бидеме искрени, нема.Доста ни беа уназадувања, дајте еднаш за промена да тргнеме напред….

Сашо А.

Важно:

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.