Македонија е помеѓу земјите со најниски даноци во светот, покажува извештајот „Paying taxes 2015“, подготвен од страна на Светска банка и консултантската компанија Прајс Вотерхаус Куперс. Со стапка од 7,4 проценти Македонија се најде на седмото место од вкупно 189 земји рангирани во извештајот.
Македонија и годинава го задржа првото место како земја со најниски даноци со понатамошно намалување на даночната стапка од 8,2 на 7,4 проценти.
Времето потребно за плаќање даноци во земјава изнесува 119 часа и е најкратко време во однос на земјите од регионот од Централна Азија и Источна Европа, додека според бројот на плаќања Македонија се наоѓа на шестото место.
Земјата ги намалила своите плаќања на само седум во споредба со минатогодишните 29.
Во извештајот се укажува дека намалувањето се должи на задолжителното плаќање ДДВ преку електронски систем, како и зголеменото користење на електронските системи за плаќање на данокот на добивка.
OhridNews
Извор:„Макфакс“