Македонија мора да го дефинира основниот здравствен пакет без што не може да се воведе дополнителен пакет на здравствени услуги, истакнаа директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кои се домаќини на Четвртиот регионален форум за финансирање на фондовите за здравствено осигурување, што денеска започна во Охрид.

-Македонија се соочува со проблем на дефинирање на основниот пакет на здравствени услуги кои ги покрива Фондот за здравено осигурување, што е предуслов за воведување на дополнително здравствено осигурување, истакна Јанез Јелникар еден од директорите на Фондот за здравствено осигурување.




Маја Парнарџиева – Змејкова, директорка на Фондот за здравствено осигурување, укажа дека земјите од регионот  го имаат дефинирано основниот пакет на здравствено осигурување и дека тоа наскоро ќе го направи и Македонија.

– Во Македонија се размислува за три варијанти. Едната е да се исклучат нездравствените услуги, втората е квантифицирање на здравствените услуги и третата е дефинирање на повеќе нивоа на здравствена заштита, објасни Пазарџиева Змејкова. Таа посочи дека Проектот треба да биде готов за околу 2 месеци по што ќе и биде доставен на Владата која треба да ги утврди следните чекори во реформата на системот за здравствено осигурување.



Сегашниот модел на здравствено осигурување според директорите на Фондот е неодржлив, бидејќи средствата со кој тој располага не се доволни да се покријат сите трошоци. Како пример тие ги посочија Хрватска и Словенија каде стапката на придонеси за здравствено осигурување е двојно повисока отколку во Македонија. Хрватскиот здравствен фонд има буџет од 3,7 милијарди евра, а словенечкиот 3 милијарди евра, додека македонскиот здравствен фонд има буџет од 300 милиони евра.



Според Сиксто Молина од Советот на Европа земјите од Балканот се соочуваат со слични проблеми, а како најголеми тој ги наведе здравстеното осигурување и пензиските фондови.

Во овие тешки времиња на економска криза потребно е здравстените фондови да направат баланс и да го адаприраат системот да може и натаму да им помага на ранливите категории граѓани, истакна Молина



На дводневниот форум во Охрид учествуваат претставници на јавните фондови за здраветсвено осигурување од Албанија, Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Република Српска, Хрватска, Словенија, Унгарија, Литванија и од Македонија. Покрај размена на искуства, учесниците ќе се дискутираат за реформите во здравството и предизвиците со кои се соочуваат јавните фондови за здравстевно осугурување.


Г. Момироски