Фудбалската репрезентација на Македонија бележи пад од две места на ранг листата на ФИФА. Светската фудбалска федерација најновото рангирање на фудбалските селекции го објави во средата, Македонија се наоѓа на 103-то место.

Македонија и понатаму е најслабо рангирана од сите противници со кои ќе игра во квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Најдобро котира Хрватска која во Топ 10 се наоѓа на деветтото место. Србија бележи пад од три места и е на 37-та позиција, едно место подолу од Србија е Велс. Шкотска се наоѓа на 49-то, а Белгија на 53-то место на ФИФА листата.

На врвот е Шпанија репрезентација која во неделата ја одбрани европската титула и е актуелен светски првак. Зад Шпанија следува Германија, а трет е Уругвај.

Следуваат Англија, која скокна за две места, Португалија, која бележи скок од пет места и Италија, финалистот од Еуро 2012 бележи скок за шест места.

Топ 10 го затвораат Аргентина, Холандија, Хрватска и Данска