Македонија напреднала три места на листата на Транспаренси Интернешнл за справување со корупцијата во 2014 година.
Според истражувањето, Македонија се наоѓа на 64-то место, веднаш зад Хрватска и Словенија, додека пак позади нас се Турција 64, Бугарија 69, Романија 69, Грција 69, Црна Гора 76, Србија 78, Босна и Херцеговина 80, Албанија 110 и Косово 110.
Транспраенси интеренешел констатира дека корупцијата останува сериозен проблем во светот. Апелира да бидат преземени глобални мерки против неа и појавите што ја поттикнуваат како што се перењето пари, нелегалното политичко финансирање и нетранспарентно работење на државните институции.
OhridNews
Извор: Макфакс