Македонската ракометна репрезентација ќе го одигра две контролни средби во Србија во финалните десет денови колку што остануваа до почетокот на Европското првенство во Хрватска.

Избраниците на Раул Гонзалез на 4 јануари ќе ги одмерат силите со селекцијата на Саудиска Арабија, а ден потоа со репрезентацијата на Србија во Белград.

Пред заминувањето во Србија селекторот на Македонија го скрати списокот од 21 на 19 ракометари. За контролните дуели отпаднаа Мартин Томоски и Горан Крстевски, што пак не значи дека списокот е конечен.

Македонија на континенталниот собир во Хрватска во групата ќе се сретне со Словенија, Германија и Црна Гора. Евопското започнува на 12 јануари, а Македонија својот прв дуел го игра ден подоцна со Словенија.

OhridNews