По поразот од селекцијата на Русија 30-23 македонските јуниори се пласираа  на 10-то место на Светското првенство што се игра во Охрид. Русите го контролираа текот на целиот натпревар и на крајот заслужено го решија натпреварот во своја корист.

Во натпреварите за конечен пласман :

За 19 место     Ангола – Чиле               38-29
За 17 место     Тунис – Бугарија           39-26
За 15 место    Португалија – Бразил    41-39
За 13 место Словачка – Аргентина     32-34                                           
За 11 место Јужна Кореја – Кувајт      39-37                              
За 07 место Словенија – Франција      25-28                                                                  
За 05 место Египет – Шпанија             26-32                                                                            
За 09 место Македонија – Русија         23-30.

Репрезентациите на Германија и Шведска ќе се борат за златото на 16 СП. Во полуфиналните пресметки, во мошне изедначен натпревар Шведска со 32- 29 ја совлада Данска, а селекцијата на Германија немаше проблеми со “коцкестите“ и со 29 -22 се избори за своето прво финале на светските првенства .Финалниот натпревар се игра во недела во 17 часот

Во борбата за бронзата ке играат поразените Хрватска и Данска. Почетокот на малото финале е во 14.30  ч.

М.Постоловки