Природните убавини, одличната местоположба, бројните историски знаменитости, огромното материјално и духовно наследство на Македонија, во текот на изминатата година биле наинтересни за туристите од Турција.

Само преку аранжманите на туристичката агенција „Генералтурист“, во 2013 година нашата земја ја посетиле над 8000 турски државјани. Гостите од Турција биле најзаинтересирани за посета и престој во главниот град Скопје.  

Туристичките работници сметаат дека турските туристи се познати по тоа што не штедат средства при своите туристички посети и се најголеми потрошувачи помеѓу сите странски туристи кои ја посетуваат Македонија.

Инаку статистичките податоци на Државниот завод за статистика говорат дека бројката на странски туристи кои ја посетиле Македонија, во текот на минатата година се зголемила за над 15 проценти, во споредба со 2012 година, кога во земјава престојувале вкупно 351.359 странски туристи.

OhridNews