Македонската машка ракометна репрезентација ќе се најде во четвтиот барабан на денешната ждрепка точно на напладне во Белград. Покрај Македонија во “четворката“ ќе се најдат уште и Словенија, Русија и Словачка.


Според полудиригираната ждрепка, однапред е одредено дека Македонија ќе игра во групата Б, во Ниш и нема да може да се сретне и со Србија, Хрватска и со Унгарија. Србија ќе биде во групата А (во Белград), Унгарија во Ц (Нови Сад), а Хрватска во Д (Вршац).

Прв барабан: Франција, Полска, Германија, Хрватска
Втор барабан: Данска, Норвешка, Унгарија, Шведска
Трет барабан: Србија, Исланд, Шпанија, Чешка
Четврти барабан: Словенија, Русија, Македонија, Словачка

Првите три селекции од секоја од четирите групи обезбедуваат пласман во
втората фаза. Ако Македонија успее да ја помине првата фаза, тогаш
натпреварите ќе ги продолжи во Белград.

Ohridnews