Ракометната репзентација на Македонија се најде во редот “носители“ во баражот за пласман на Светското првенство идната година во Шпанија.


Покрај Македонија во првиот шешир, се селекциите на Германија, Унгарија, Словенија, Исланд, Полска и Шведска, и ниту една од овие селекции нема да биде противник на “црвено-жолтата“ фаланга

Во вториот шешир се селекциите на Чешка, Норвешка, Русија и Словачка, додека во третиот се селекциите на Австрија, Португалија, БиХ, Холандија, Црна Гора, Белорусија, Литванија. Две селекции од вториот бараж ке бидат префрлени во првиот шешир, а две во третиот.

Ждрепката е в недела (13 ч),а бараж средбите се играат во јуни годинава. На мундијалот кој се игра во Шпанија пласман обезбедија светскиот првак Франција, домаќинот, како и Хрватска, Данска и Србија, кои се полуфиналисти на ЕП.

Ohridnews