Македонската ракометна репрезентација ќе се најде во вториот барабан во пресрет на денешната ждрепка за распоредот на групите за СП во Шпанија.

Покрај Македонија во вториот барабан се Хрватска, Словенија и Германија, репрезентации против кои не може
да игра во група.

Еве ги составите на сите барабани:
Прв : Франција, Данска, Шпанија и Србија;
Втор: Македонија, Хрватска, Словенија и Германија
Трет: Унгарија, Полска, Исланд и Аргентина;
Четврт: Ј.Кореја, Тунис, Алжир и Катар;
Петти: Црна Гора, Русија, Белорусија и Египет;
Шести: С.Арабија, Австралија, Бразил и Чиле.

Се формираат четири групи со по шест преставници и се игра секој против секого бод систем. Првите четири најдобро пласирани од секоја група ги продолжуваат
натпреварите во осминафиналето.