Машката ракометна репрезентација на Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците за квалификациите за Европското првенство 2014 во Данска.


Покрај Македонија во вториот шешир се уште селекциите на Унгарија, Норвешка, Шведска, Словенија, Чешка и Австрија.

Носители на групите ќе бидат Хрватска, Франција, Шпанија, Исланд, Полска, Србија и Германија.

Во третиот барабан ќе се најдат Русија, Словачка, Португалија, Литванија, Црна Гора, Холандија и Белорусија, додека во четвртиот се Босна и Херцеговина, победниците на четирите претквалификациски турнири и двете најдобри втори мести од таа фаза.

Финска во групата А е домаќин на Украина, Кипар и Луксембург, Италија во групата Б ќе ги нагости Грција, Швајцарија и Велика Британија, Белгија во групата Ц ќе ги пречека Романија, Израел и Ирска, а во групата Д во Турција ќе играат и Естонија, Летонија и Малта.


За континенталниот собир ќе се изборат двете првопласирани репрезентации од седумте квалификациски групи, како и најдоброто трето место. Директен учесник е само организаторот Данска.

Извлекувањето на седумте групи со по четири тима ќе се изврши вечерва од 18 ч. во Копенхаген.

Ohridnews