Да беше жив, Тоше Проески денеска ќе наполнеше 32 години. Неговиот роденден Македонија ќе го одбележи со низа пригодни манифестации. Премиерно ќе биде објавена и нова песна од Тоше „Све је ово премало за крај“, чиј автор е Јелена Трифуновиќ. Материјалот за оваа песна бил пронајден во лаптопот на Тоше.

По повод роденденот на Тоше во „Спомен-домот на Тоше Проески“ во организација на Меѓународната фондација „Тоше Проески“, со поддршка на Министерството за култура, ќе биде одржан музички концерт на кој ќе настапат Билјана Талеска, Андријана Јаневска, „Некст тајм“, Александра Пилева, „Кристијан со неговиот бенд“,и „Бендот на Тоше” .

Најголемата македонска музичка ѕвезда на сите времиња, Тоше Проески, трагично го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа во Хрватска.

OhridNews