Под влијание на топла воздушна маса, во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со високи температури од таканаречената жолта, алертна фаза, кои на места ќе достигнат до +40 степени целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8.

Сончево и многу топло ќе биде и во Охрид, касде дневната температура ќе се искачи до 35 степени.

Министерството за здравство препорачува  во најтоплиот период од денотд се престојува во затворени и климатизирани простории и да се избегнува престој
на отворен простор, а доколку тоа се прави да се носи светла и
лесна облека, заштитни очила и капа.
При сончање да се користи крема со висок заштитен фактор, да се
внесуваат повеќе течности, пред се вода, да се избегнува алкохол и тешка
храна.

Поради високите темепратури зголемена е можноста за
појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, поради што се
препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи
пред нивната употреба, а храната термички да се подготовува, додека
мајонези, кремови и друга лесно расиплива храна да се избегнува.

OhridNews