Снегот кој денеска интензивно паѓа на целата територија од државата предизвика потешкотии во одвивањето на сообраќајот. Во Охрид иако снежната покривка е минимална, на коловозите има појава на голомразица поради што на возачите им се препорачува крајна внимателност.


Снежна меќава во Охрид

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата
се одвива забавено и отежнато, во зимски услови. Коловозите се влажни,
на места со остатоци од снег. Поради ниските температури на повисоките и
осојничави места има појава на голомразица. Според последните информации од АМСМ, забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Охрид – Буково – Ресен, Кичево – Македонски Брод – Прилеп, патниот правец Струга – Ќафасан, како и на планинскиот превој Плетвар. На планинскиот премин Пресека за тешки товарни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.

OhridNews