Македонската фудбалска репрезентација на 3 и 11 јуни ќе одигра контролни средби со Шведска односно Норвешка. Селекторот на “рисовите“ Чедомир Јаневски се соочи со мали проблеми откако дел од повиканите фудбалери неможеа да настапат поради клубски обврски, но покрај тоа тој верува во добра игра и поволен резултат.


Од составот за дуелите со “викинзите“ и „студените“ норвежани отпаднаа Бабунски, Павловски, Ристовски, Мециновиќ, Богатинов и Шумуликовски додека ново име во селекцијата е Тофилоски.

Уште пред објавување на списокот во комбинација не беше Горан Пандев, кој заработи повреда на последниот натпревар за Наполи сезонава.

– Имаме поширок список од 25 фудбалери. Нашата замисла на овие контроли е новите кандидати што ги следевме да добијат шанса, но и играчи што играа во квалификациите, а немаа доволно минутажа во своите клубови. Целта ни е да компонираме тим кој ќе функционира подобро –
рече селекторот Јаневски.

“Црвено жолтите“ во јунскиот термин за одигрување на квалификациски се слободни, а тие ќе ги продолжат во септември со мечевите против Шкотска и Велс.

Мх.П.