Македонската ракометна репрезентација има водство од 18-12 над репрезентацијата на Полска во вториот меч од главната рунда на ЕП во Србија.


Капитенот Лазаров со пет постигнати гола, Мојсоски, Темелков и  Алушевски постигнаа по три гола, Стоилов, Марковски, Миркуловски и Ф.Лазаров погодија по еднаш. Македонија на голот го има одличниот Ристовски кој имаше 10 успешни одбрани.

Македонија во текот на првиот период постојано е во предност, кој на моменти изнесуваше и до плус седум.

М.П.