Македонската репрезентација во Футсал со пораз ги започнаа пред квалификациите во Азербеџан за ЕП 2012 година. Од избраниците на Скендеровски подобри беа репрезентативците на Украина со 2-1.
“Црвено жолтите“ има зошто да жалат по мечот со фаворитот за висок пласман Украина, откако испуштија предност од 1-0 стекната уште во 5-та минута преку Мицевски. Со погодоците во вториот дел на Овшаников во 27-та и Кордоба во 35-та минута украинците го свртија резултатот во своја полза и ја забележаа првата победа во пред квалификациите за ЕП 2012.
Репрезентативците во футсал “поправен“ натпревар ќе имаат утре во 18 часот со домаќинот на турнирот Азербеџан.
Мх.П.