Извештајот на „Транспаренси интернешенел“ ја смести земјава на 69-то место според индексот на перцепција на корупцијата. Од 176 рангирани држави, само две земји од регинов се пред нас. Словенија се наоѓа на 37-то место, односно, Хрватска на 62-то. Зад нас се членките на унијата Грција и Бугарија, додека најлоша е ситуацијата во Албанија.
Благодарејќи на добриот пристап до информации и правилата што го определуваат поведението на државните службеници, најмалку корупција има во скандинавските земји, односно во Нов Зеланд. Најкорумпирани според „Транспаренси интернешенел“ се Северна Кореја, Сомалија и Авганистан, кои години наназад се сметаат за плодна почва на оваа негативна појава.
Корупцијата во целиот свет и натака се доживува како разурнувачка активност на општеството. При годинашното истражување, употребена е нова скала за вреднување, каде нулата претставува вредност за најкорумпираните држави. Дури две третини од испитаните 176 земји се со индекси под 50, покажувајќи дека државните институции треба да бидат потранспарентни – се вели во извештајот на „Транспаренски интернешенел“.