Република Македонија била претставена како хит дестинација за авантуристички патувања пред околу 700 туроператори и светски познати медиумски куќи во рамки на Самитот за активен туризам кој од 5-ти до 9-ти октомври 2015 годинасе одржуваше во Пуерто Варас во Чиле.

-На Самитот во Чиле, беше најавено дека во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризамот, Република Македонија ќе биде домаќин на првата Европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која ќе се оддржи во мај, 2016 година. Конференцијата ќе се организира во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и од Владата на Швајцарија- Проектот ИМЕ и Интернационалната асоцијација за активен туризам (ATTA), информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Според распоредот на промотивни настани, Македонија ќе биде претставена и на Саемот за туризам „World Travel Market“ кој ќе се одржи од 2-ри до 5-ти ноември 2015 година во Лондон, Велика Британија.

Инаку во текот на оваа година, Македонија ги презентираше своите туристички можности на саемите во Утрех, Истанбул, Брисел, Софија, Белград, Берлин, Москва, Гетебург, Келн,Токио, Париз и Римини.

OhridNews