Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години вечерва ќе игра против домаќинот Романија во мечевите за разврска од 5-8 место.

Победникот од оваа средба ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Холандија и Португалија за петтото место, а поразените ќе играат за седмата позиција.
 
Во полуфиналните натпревари од Еврпското првенство ќе играат Германија – Естонија и Белгија – Шведска.

ohridnews