Македонија нема услови за формирање на национален авиопревозник. Физибилити студијата на која работеше фирмата „InterVISTAS Consulting B.V“ од Холандија покажала дека во земјава нема оправданост да се основа авипревозник во кој ќе лета со боите на македонското знаме, објави „еМагазин“.

Од Министерството за транспот и врски за овој портал потврдуваат дека анализата на Холанѓаните во првата фаза покажала дека не постои оправданост од потенцијалното формирање, односно воспоставување на национален (редовен) авиопревозник во Република Македонија. 

„Поради тоа нема да се спроведе 2 фаза од договорот“, изјавиле од Министерството.

Министерството за транспотрт и врски во март годинава склучи договор со компанијата „InterVISTAS Consulting B.V“ од Холандија, како најповолен економски оператор за изработка на физибилити студија за можноста за формирање, односно воспоставување на национален (редовен) авиопревозник во Република Македонија. Холанѓаните имаа четири месеци за да ја изработат студијата при што за два месеци требаше да се изработи и заврши првата фаза од Студијата. Доколку Студијата од првата фаза покажеше физибилност, компанијата имаше обврска во рок од дополнителни 60 дена да ја изработи и заврши и втората фаза од Студијата.

Македонија досега имаше три национални авиопревозници и тоа „Пал ер“, „Авиоимпекс“ и „МАТ“. Последниот државен авиоопертор отиде во стечај во 2009 година оставајќи зад себе големи долгови. Во изминативе години имаше интерес од „Монтенегро ерлајнс“, а се шекулирааше и за „Туркиш ерлјнс“, да добијат лиценца за национален превозвик, но таа идеја не се реализираше.

OhridNews
Извор: „еМагазин“