По стартниот пораз од Ангола, кошаркарската селекција на Македонија ја забележа првата победа во предквалификацискиот турнир совладувајќи го аутсајдерот Нов Зеланд 84-62.


Поучени од грешките на дуелот со Ангола, избраниците на Лазоски првата четвртина ја започнаа агресивно во одбраната примајќи 11 поени. Нападот предводен од Мекклејб и Антиќ постигна 26 поени.

Малото опуштање во таборот на Македонија во втората четвртина, и дозволи на селекцијата на Нов Зеланд да намали на 13 поени негатива.


Во вториот период кошаркарите на Нов Зеланд се обидуваа да фатат резултатски приклучок но хероите од Литванија со смирена игра рутинирано го спроведоа мечот до крај.

Лестер Бо Мекклејб со 23 кошеви и 11 асистенции оствари дабл дабл учинок, а таков учинок имаше и Антиќ постигнувајќи 17 поени и 10 скокови. Солидна партија имаше искусниот Гечески кој уфрли 16 кошеви. Најефикасен во тимот на Нов Зеланд беше Плеџер со 11 поени.

Репрезентацијата на Македонија со победа и пораз ги заврши натпреварите по групи. “Црвено жолтите“ ќе го чекаат исходот од дуелот помеѓу Ангола – Нов Зеланд за разврската за местата во групата.

Мх.П.