Женската ракометна репрезентација има негатива од три голови (11-8) по првите триесет минути на мечот од втората рунда против Шведска. Малиот процент на реализација во нападот, не ги искористи фантастичните осум одбрани на Тања Андреава.

Трите ракометарки Бајрамоска, Папуџиева и Црвенкоска во македонскиот состав имаат постигнато два погодоци додека најефикасна е шведската репрезентативка Гулден со пет голови.

Мх.П.