Без победник и без голови 0-0 заврши пријателската средба во Леирија, меѓу Португалија и Македонија.


Дефанзивната “3-5-2“ формација го даде посакуваниот резултат. Соочен со фактот дека нашиот среден ред е ретко неквалитетен Тошак се одлучи за ваков систем со кој успеа да скроти португалскиот “дрим“ тим.


Ударите од далечина беа најопасното оружје на домаќините кои не успеаа да го скршат бедемот пред голот на Богатинов.

По поразот од Луксембург со 2-1, сигурно дека ремито со Португалија ќе ја врати самодовербата во составот на Тошак. Нареден противник е селекцијата на Ангола за три дена.

М.П.