Вицепрвакот во македонскиот ракометен шампионат, Металург ќе упати барање од Европската куќа на ракометот (ЕХФ) со вајлд-карта наредната сезона да играат во Лигата на Шампиони.

Сезонава избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар направија историски успех за македонскиот ракомет со пласманот во 1/4 финалето.

Потегот на упрвата на Металург е сосема логичен поради тоа што со континуираните резултати во ЛШ тие обезбедија директен пласман за првакот од Македонија во случајот Вардар.

Ако ЕХФ го одобри барањето на Металург, Македонија за прв во својата историја ќе има две екипи преставници во Лигата на Шампиони.

Мх.П.