Македонската женска ракометна
репрезентација со 34-25 ја совлада селекцијата на Литванија во првиот
натпревар од квалификациите за ЕП во Холандија 2012 година. Македонија до победата стигна со рутинска игра, а благодарение на нашиот квалитет таа во ниту еден момент не беше загрозена.

Најпрецизни во нашиот состав беа
Бајрамоска со девет и Црвенкоска со осум гола. Голманот Андреева
забележа 14 одбрана. Селекторот Стрезовски во финишот на мечот им даде
шанса на сите ракометарки, кои покажаа дека македонскиот женски ракомет
има светла иднина.

Во наредниот натпревар в недела Македонија и гостува на Труција.

М.П.