Македонија со просечна оценка од 3,93 во најновиот извештај на Фридом хаус  се најде на границата меѓу групата земји со полуконсолидирани демократии и оние со транзициски влади и хибридни режими, пренесува „Макфакс“.

Според најновиот извештај на Фридом хаус Македонија е со пониска оценка од онаа во претходниот за правната рамка и независност што пак придонесе и за пад на просечната оценка за демократија.

Уназадувањето на судската рамка, како што се наведува, било по алармантните нарушувања на истрагата за познато убиство и по нападниот политички притисок врз судовите од страна на министерот за здравство што фрлија сериозни сомневања врз изгледите за целосна судска реформа и врз антикорупциските напори.

Организацијата за човекови права Фридом хаус, врз основа на независни експертски мислења, ги оценува земјите во неколку категории.

Во категориите  изборен процес, граѓанско општество, независни медиуми, корупција и демократско владеење на национално и на локално ниво Македонија ги задржа претходните оценки.

Од земјите од Балканот, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово добија помали оценки во индикаторот за корупција бидејќи нивниот правен систем бил подложен на политичко мешање.

Фридом хаус констатира дека процесот за евроинтегрирање мотивира важни реформи  во земјите на Западен Балкан и даде формален механизам за напредување кон целосни демократски институции и пазарна економија.

Притоа како лидери во регионот се посочуваат Хрватска и Србија кои како и Македонија се во групата на полуконсолидирани демократии.

Во оваа група се уште Бугарија, Романија и Црна Гора. Албанија и Босна и Херцеговина се во групата на хибридни режими, додека Косово е во групата на полуконсолидирани авторитарни режими.

OhridNews
извор:„Макфакс’