Македонската футсал репрезентација го загуби и третиот натпревар на квалификацискиот турнир од елитната рунда со селекцијата на Хрватска и тоа со 4-1.

Противникот одлично го отвори мечот и поведе рано со 2-0 со головите на Шутон во 5-тата и Мариновиќ во 14-тата минута. Младиот Мицевски во 20-тата минута ја врати неизвесноста во мечот но тоа беше се што направија избраниците на селекторот Васко Скендеровски.

Во продолжението Грциќ и Мариновиќ постигнаа уште два погодока за убедлив триумф на хрватите.

Македонија ги заврши квалификациите во Баку со три порази , а најголемата шанса за бодови ја пропушти во првото коло против фаворитот Украина.

Ohridnews