Македонија ќе има три свои преставници на 23-тите Зимски олимписки игри (ЗОИ) кои ќе се одржат во период од 9 до 25 февруари во Пјонгчанг.

Македонската честа на ЗОИ ќе ја бранат Антонио Ристевски, Ставре Јада и Викторија Тодоровска. Ристески ќе се натпреварува во Аплско скијање во дисциплините слалом и велеслалом, Јада ќе се натпреварува во Крос кантри во спринт и 15 километри, а женската натпреварувачка Тодоровска во крос кантри во 10 километри.

Македонската олимписка делегација заминува за Пјонгчанг на 7 февруари 2018 година, а свечената презентација ќе се одржи на 5 февруари 2018 година. На 23-те зимски Олимписки игри треба да настапат спортисти од 92 држави односно Национални олимписки комитети и тоа во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и во 102 спортски натпреварувања.

OhridNews