Македонската кошаркарска репрезентација со триумф на Норвешка 61-54 (21-11, 8-12, 14-6, 18-25) го заврши Европското првенство кое десеттина дена се одржуваше во Охрид и Струга.
Со победата над норвежанките македонските кошаркарки ја освоија првата позиција во плејаут групата и го осигураа 17-то место на Евробаскетот.
По 13 поени во триумфот реализираа Андонова и Кузмановска, девет уфрли Толевска, а до осум броеаја Костеска и Шеќероска.
Во дуелот за избегнување на последната позиција победи Шкотска совладувајќи ја Албанија со 47-40.
Мх.П.