Ова, како што пренесува „Макфакс“, денеска го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, на одбележувањето на 20 Ноември – Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.
Притоа министерката Јанкулоска презентираше дел од статистичките податоци за бројот на сообраќајни несреќи и настрадани во текот на изминатата деценија потенцирајќи дека на патиштата низ држава секојдневно се случуваат осум до девет тешки сообраќајки, а речиси секој трет ден животот го губи по едно лице.
Настанот кој што беше надополнет со низа активности се одржува во организација на РСБСП а во соработка со МВР, невладини организации, Дирекцијата за заштита и спасување, Автомото сојузот на Македонија, Црвениот крст на Република Македонија и други.