Четири години него го нема, но преку неговата “Македонија навива за вас“ ги гали милионите македонски срца. Тоше Проески најголемиот македонски навивач, кој активно играше одбојка беше и се уште е неодминлив декор на секој натпревар на македонските репрезентации, но и на секој позначен спортски настан. Ангелот ја испеа македонската химна на мечот Македоднија – Англија одигран на Градскиот стадион 2003 година.

Сега веќе антологиската “Македонија навива за вас“ беше последниот видеозапис на најголемиот македонски син.


Македонија се радува на секој стих на оваа песна , а тоа е она што за сите нас го сакаше Тоше Проески, да не гледа среќни и радосни.

Почивај во мир….

М.П.