Европскиот суд за човекови права во Стразбур заклучи дека во случајот Ел Масри – Македонија, нашата држава ја прекршила европската конвенција за човекови права, пренесува „Макфакс“.

Европскиот Суд за човекови права во четвртокот едногласно одлучи  дека бил прекршен членот 3 од Европската конвенција за човекови права, со кој се забранува нечовечко и понижувачко однесување, членот 5 правото на слобода и сигурност, членот 8 право на приватен и семеен живот, како и членот 13 право на правично судење.

Македонија според одлуката на Судот ќе мора да му плати на Калед Ел Масри 60 илјади евра оштета.

Ел Масри ја смета Македонија како директна одговорна за времето кое тој го помина затворен меѓу 31 декември 2003 и 28 мај 2004 година, по неговото апсење при влезот во Македонија и трансферот во Авганистан, случајот Ел Масри, беше разгледуван и суден од страна  на Големиот Судски Совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, на 16 мај годинава.

Калед ел Масри поднесе тужба против Македонија на 20 јули 2009 година. За случајот Ел Масри,  Македонија беше критикувана во Парламентарното Собрание на Советот на Европа и Европскиот парламент.

OhridNews
извор:„Макфакс“