Со мечот против Литванија вечерва (20 часот МТВ пренос) македонската женска ракометна репрезентација ќе го почне новиот циклус квалификации за пласман на завршницата на Европското првенство (ЕП) во Холандија наредната година.


Пред избраничките на селекторот Гино Стрезоски исправен е двоен предизвик. Вечерва Литванија, додека в недела и гостуваат на Турција.

Во групата е уште и Франција. Првите две селекции од сите седум квалификациски групи ќе се најдат на ЕП, на кое пласман веќе обезбедија Холандија (домаќин) и Норвешка (европски првак).

По освоеното седмо место на континеталниот собир 2008 година на кој и беше домаќин, Македонија нема обезбедено учество на големо натпреварување.

Ohridnews