Двојазична (македонско-англиска) енциклопедија, во која се опфатени туристичките потенцијали и културно историските знаменитости во Република Македонија. Издавач е Информативно-деловен бизнис центар

Станува збор за комплексно дело, во кое низ енциклопедиски стил се прикажани голем број природни и антропогени туристички вредности. Најпрво има општ дел, а потоа соодветно на морфолошката структура и сообраќајно гравитациските текови, на територијата на Република Македонија, издвоени се десет туристички региони.

За секој регион одделно се презентирани неговите геогравко-туристички вредности. Имено прикажани се картогравски и геогравски содр
жини за регионот, геогравско историскиот развој на градските населби во него како и разните природни и антропогени објекти: планини, долини, реки, езера, извори, бањи, археолошки наоѓалишта, кули и тврдини, религиозни објекти и споменици, музеи и галерии, комплексни туристички локалитети, манифестации и препораки за дневни туристички прошетки. За секој регион се презентирани бројни туристичко-угостителски објекти кои може да ги посети секој посетител.

Целокупната содржина е богато фотогравски илустрирана, така што читателот има можност и содржински и визуелно да ги запознае и да ги доживее убавините на Република Македонија, односно нејзините туристички потенцијали и културно-историски знаменитости.

Рубриката „Книга“ е уредена во соработка со Градската библиотека „Григор Прличев“