Кошаркарската репрезентација на Македонија се најде во групата Д заедно со репрезентаците на Нов Зеланд и Ангола во квалификацискиот турнир за пласман на Олипмиските игри во Лондон.

Вака беше одлучено на ждрепката која се одржа во Каракас, Венецуела каде од 2 до 8 јули ќе се играат мечевите. 
Група А : Грција, Порторико, Јордан
Група Б : Литванија , Венецуела,Нигерија
Група Ц : Русија, Доминиканска Република, Кореа
Група Д : Македонија, Нов Зеланд, Ангола 
Распоред на натпреварите во Д групата:
2 јули Нов Зеланд – Ангола
3 јули Македонија – Нов Зеланд
4 јули Македонија -Ангола
Првопласираните два тима во групата обезбедуваат пласман во четвртфиналето.
Распоред во четвртфиналето (6 јули)
А1 – Б2
Б1 – А2
Ц1 – Д2
Д1 – Ц2
Во полуфиналето ќе играат победникот од мечот A1/Б2 – Ц1/Д2, додека во другото полуфинале ќе играат победниците од мечевите Б1/A2 – Д1/Ц2. 
Победниците во полуфиналните мечеви ќе се квалификуваат за Олимписките игри. Поразените ќе одиграат уште еден меч кој ќе го одлучи последниот патник.
М.П.