Македонската ракометна репрезентација ќе биде една од носителите во ждрепката за квалификациите за Европското првенстов кое ќе се одржи 2020 година во Шведска, Австрија и Норвешка.

„Црвено жолтите“ години наназад во континуитет учествуваат на европските и светските собири, а наградата или плодот се сместувањето во првиот шешир и избегнувањето на квалитетни селекции какви што се Франција, Хрватска, Данска и други и далеку полесни противници во групата.

Пласман на ЕП обезбедуваат најдобрите две првопласирани селекции во групите и четири најдобро третопласирани репрезентации од осумте групи.

Шеширите:

Шешир 1: Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија, Унгарија, Македонија.

Шешир 2: Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, БиХ, Холандија, Португалија.

Шешир 3: Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел, Турција.

Шешир 4: Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Коово, Фарски Острови.

OhridNews

Анкета: На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот?
(Одговори на дното од страницата)