Македонската ватерполо-репрезентација “немаше“ среќа во ждрепката за квалификациите за Летните олимписки игри во Лондон, кои ќе се одржат од 1 до 8 април во Едмонтон, Канада.

Македонија се најде во “европската“ група и со оглед на тоа како одигра на минатиот европски шампионат квалфикациите ќе бидат невозможна мисија.

Според пропозициите по одиграните пет меча во групата, првите четири селекции обезбедуваат четврт-финале и вкрстуваат по принцип прв со четврти, втор со трет од двете групи, па најдобрите четири селекции од тие дуели одат во Лондон.

ПРВА ГРУПА: Црна Гора, Германија, Романија, Грција, Холандија, Македонија

ВТОРА ГРУПА: Шпанија, Канада, Венецуела, Бразил, Аргентина, Турција

М.П.