Ждребката за групите на Европското првенство во Полска следната година беше безмилосна за „црвено жолтите“ и ги однесе во групата смртта заедно со актуелниот шампион Франција, домаќинот на континенталниот собир и нашиот северен сосед Србија.
Македонските репрезентавци силите со вонсериската селекција на Франција ги одмерија во кваликациите за ЕП, а со Полска често се среќаваат на големите натпреварувања.
Трет противник на Македонија во групата е репрезентација Србија, која во 2012 година го освои сребрениот медал.
Групите :
Група А (Краков) :
1. Франција
2. Полска
3. Македонија
4. Србија
Група Б (Катовице):
1. Хрватска
2. Исланд
3. Белорусија
4. Норвешка
Група Ц (Вроцлав) :
1. Шпанија
2. Шведска
3. Германија
4. Словенија
Група Д (Гданск) :
1. Данска
2. Унгарија
3. Русија
4. Црна Гора
Европското во Полска започнува на 15 јануари, а ќе трае до последниот ден од првиот месец во 2016 година.
Мх.П.