Европските бараж натпревари за пласман на Мундијалот 2026 се играат вечерва, „црвено-жолтите“ гостуваат кај силната Данска.

Европските квалификации за Светското првенство 2026 влегуваат во завршницата со бараж полуфиналните натпревари што се играат вечерва, во кои 16 селекции ќе се борат за последните европски места на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Во центарот на вниманието на македонската јавност е дуелот меѓу Данска и Македонија, кој се игра вечерва, а победникот ќе обезбеди пласман во финалето на баражот што е закажано за 31 март.

Македонската репрезентација во баражот влезе како една од селекциите што добија можност преку дополнителниот квалификациски систем на УЕФА, додека Данска настапува како второпласирана во својата квалификациска група.

Освен натпреварот во Копенхаген, вечерва се играат и: Италија – Северна Ирска, Велс – Босна и Херцеговина, Украина – Шведска, Полска – Албанија и Чешка – Ирска.

Победниците од финалните средби ќе обезбедат пласман на Светското првенство 2026.

За Македонија ова е нова шанса за историски успех, откако во квалификациите за Мундијалот 2022 стигна до финалето на баражот каде загуби од Португалија, а претходно го елиминираше европскиот шампион Италија.

OhridNews