Натурилизираниот македонец Лестер Бо Мекклејб одигра клучно улога во триумфот на Фенербахче над Бостон Селтикс со 97-91.


Предводникот на Македонија од историското честврто место на ЕП во Литванија беше енигма за одбраната на “детелините“ постигнувајќи 21 поен, четири скокови, пет асистенции и две украдени топки.


Во последните минути од мечот кога се кршеше резултатот, Бо ги зема работите под своја контрола откако прво погоди “два плус еден“ а потоа со асистенција и украдена топка го отпиша една од најдобрите екипи во НБА, Бостон Селтикс.

Мх.П.