Македонската ракометна репрезентација групната фаза од мундијалот во Шпанија ќе ја започне со дуелот против селекцијата на Чиле додека дербито со Данска е во последното петто коло.


Светското првенство во Шпанија ќе се одржи од 11 до 27 јануари. Домаќини ќе бидат четири градови, Мадрид, Барселона, Грањолерс и Севиља. Македонија своите натпревари од групата ќе ги игра во Севиља.


Во осминафиналето ќе се пласираат првите четири селекции кои ќе се најдат во групата. 

Распоредот на Македонија на СП во Шпанија :

12.01.2013 (15:45ч)  Македонија – Чиле
13.01.2013 (18:00ч) Катар – Македонија
15.01.2013 (18:00ч) Македонија – Исланд
16.01.2013 (15:45ч)  Македонија – Русија
18.01.2013 (20:45ч) Данска – Македонија

Мх.П.